По Грција, Португалија: Огнената стихија голта се пред себе и им се заканува на туристите! Пожарот се доближува до познатите плажи

Пожарникарите во Португалија и натаму се борат против шумскиот пожар од големи размери на јужниот брег, во туристичкиот регион Алгарве зад популарните плажи, кој минатата вечер се заканил да проголта населба на падините на тамошното брдо.

Службата за цивилна заштита соопштила денес дека 44 лица побарале медицинска помош минатата вечер, кога пламен го зафатил местото Моншика, на 250 километри јужно од Лисабон.

Притоа, тешко била повредена 72-годишна жена. Властите соопштиле дека повеќе од 1.000 пожарникари со 327 возила и седум авиони се борат против огнената стихија.

Пожарот, кој се шири поради ветерот, избил во петокот во борова шума во претежно непристапен брдест предел за познатите плажи во туристчкиот регион Алгарве.

Црниот чад, во меѓувреме, ветерот го носи и до плажите.

Пожарникарите очекуваат дека нешто пониските температури во наредните денови ќе им помогнат да го стават огнот под контрола.

Регион Алгарве во главно бил поштеден од најлошиот топлотен бран кој ги зафатил Португалија и Шпанија, носејќи температури до 45 степени Целзиусови.+

Leave a comment

error: Content is protected !!