По цена за една ташна, едно семејство се храни два месеци, а кригла пива чини колку 150 литри вода

Сиот апсурд на човечкото општество го забележал еден фотограф, работејќи на рекламна кампања за светските брендови, и тоа со африкански модели. Иако станува збор за постара кампања, сепак истата и ден денес праќа силна порака.

Најмногу внимание не привлекле модните детали, туку односот на цените на тие производи со количината на пари со која располагаат луѓето кои учествувале во кампањата.

На пример, ташната од рекламата чини 32 евра, а за купување на храна доволна за четири дена, овие луѓе трошат вкупно четири евра, што значи дека со парите кои некој би ги дал за конкурентна ташна, некој може да се храни два месеци.

Слична е ситуацијата со очилата за сонце, кои чинат 24 евра. Со тие пари три семејства можат да обезбедат пристап до чиста вода за пиење, која чини осум евра.

Сепак, изгледа дека најголем апсурд е забележан со рекламата за пиво. Кригла пиво чини 4,5 евра, а за тие пари, семејство може да обезбеди 150 литри вода.

Leave a comment

error: Content is protected !!