По автомобилот и Весна Бејби нурна во Вардар

Откако во декември минатата година, автомобилот на Весна Бејби Петрушевска се најде во водите на реката Вардар, во јавноста се крена прашина.

Сите зборуваа за тоа како се случил немилиот настан, дали некој намерно го турнал автомобилот, или пак сакал да краде. За медиумите Весна тогаш даде изјава дека нема шанси колата сама да паднала во Вардар, иако се претпоставуваше дека тоа се случило поради тоа што не била крената рачната.

Оттогаш поминаа шест месеци, а по автомобилот во Вардар се најде и актерката Весна Петрушевска. Но, овојпат опремена со нуркачко одело. Нејзиното влегување во најголемата македонска река предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи, а нејзиниот колега Тони Михајловски духовито искоментира- „Се симна до кола да земеш нешто?“

Инаку повод за нејзиното нуркање во Вардар е снимање на нова реклама за ЕВН. Кој би рекол дека некои несреќни случаи на крајот сепак завршуваат со среќен крај, во случајов снимање на реклама…

Leave a comment

error: Content is protected !!