По 12 години престанува да се снима серијата серијата “Big Bang Theory”, светските медиуми тврдат дека ова е причината

Една од најпопуларните светски серии, “The Big Bang Theory”, ќе престане да се снима по 12 сезони. Оваа информација ја потврдила и телевизијата CBS и продуцентската куќа “Warner Brothers”, кои стојат зад ова остварување.

Како што шпекулираат светските медиуми, до оваа одлука наводно дошло бидејќи еден од главните актери, Џим Парсонс, кој го глуми Шелдон, решил да замине од серијата.

Потсетуваме, серијата прв пат почнала да се емитува во 2007. година, а во текот на годините станала многу популарна и успешна, освојувајќи дури 4 Еми награди и 1 Златен глобус. И главните ѕвезди на оваа серија профитирале од ова остварување, пред се финансиски.

Имено, Џим Парсонс, Вејн Галецки, Кејли Куоко, Кунал Најар и Сајмон Халберг заработувале и до милион долари по епизода.

Последната, 12-та сезона од “Big Bang Theory” ќе биде прикажана во 2019. година.

Погледнете некои од најсмешните моменти од серијата:

Leave a comment

error: Content is protected !!