Плата до 5500 евра- Германија итно бара 20 000 работници

Германците поради недостаток на занаетчии во просек чекаат повеќе од 10 недели за обавување на некои занаетски услуги.

Во блиска иднина ситуацијата би можела и да се влоши поради тоа што нема доволно кадар- соопшти Здружението на германски занаетчии.

Моментално има толку многу нарачки, што занаетџиите се присилени да ги одбиваат сите нови нарачки, ако не доаѓаат од постојани клиенти- вели Ханс Петер Волсајфер, претседателот на Здружението на германски занаетчии во разговор за изданието на Медиската група Функе.

Тој посочил и на тоа дека со години, премалку млади се одлучиле за образование во некое класично занатаско-услужно занимање како што се водоинсталатер, молер или паркетар. Поради тоа настанал проблем со недостаток на стручен кадар. Затоа денеска во Германија се бара мајстор повеќе. Поради големата побарувачка платите достигнуваат сума до 5500 евра.

Секоја година ни недостасуваат од 15 000 до 20 000 луѓе- изјавил Ханс.

Проблемот би можел додатно да се влоши во блиска иднина кога се очекува голема смена на генерациите во германските занаетчиски работилници. Многу од нив следната година одат во пензија и стравуваме дека голем број занаетчиски работилници ќе се затворат поради тоа што ќе нема кој да ги преземе.

Моментално најмногу недостасуваат лимари, водоинсталатери, монтажери на централно греење- додава Волсајфер.

Мајстор на водечка функција месечно може да заработи од 3500-5500 евра бруто.

Leave a comment

error: Content is protected !!