Планината од „Game of Thrones” и официјално е најсилниот човек на светот

Hafþór Júlíus Björnsson, 29-годишниот исландски џин, најпознат по улогата на Сер Грегор Клигејн- Планината во мегапопуларната „Game of Thrones”, на Филипините ја доби титулата најсилниот човек на светот.

Сестраниот џин од земјата на оганот и мразот, кариерата најпрвин ја започнал како професионален кошаркар, што со неговите 206 цм и тоа како имало смисла, но после неколку сезони во првата кошаркарска лига поради хронични проблеми со зглобот морал да се пензионира.

Нешто подоцна, во локалната теретана го запознал je Magnúsa Ver Magnússon, инаку четири пати освојувач на титулата најсилен човек на светот во текот на 90-тите години. Веднаш се загреал за идејата да ги повтори неговите успеси.

Планината, во трилерот во Манила ја доби својата прва победа, иако уште од 2012 година секоја година е во топ 3.  Исто така, тој е прв снагатор на сите времиња кој во една година ги освои и европската и светската титула, а тоа се нарекува Arnold Strongman Classic (именувана според познатиот Шварценегер).

Сите овие настани, изворно наменети како тв шоу материјали за гледачите во САД, со текот на времето станаа сериозни интернационални натпревари со добри финансиски награди  силна конкуренција.

Некои од овогодинешните дисциплини во кои се натпреваруваа мускулестите џинови беа подигнување автомобили, глумење влечна служба на двокатен автобус, фрлање огромни железни ѓулиња, пренесување надчовечка количина на терет, а се чини дека во сите нив Планината се снајде баш како да се работи за сет на „Game of thrones”.

Иако во серијата, тој е најлошиот лик, во реалноста е добродушен џин кој неретко признава како некои сцени му било мака да ги снима. Покрај актерството и обидите да стане најсилниот човек на светот, , Hafþór Júlíus има време и за претприемништво, па во 2016 година ја лансираше исландската „Планинска водка“, со која влезе во одбранатото друштво на познати ѕвезди кои имаат сопствен водка бренд како 50 Цент, Пи Диди,Бил Мареј и Ден Акројд,

Leave a comment

error: Content is protected !!