Пиво Фест во Прилеп оваа година од 12-15 јули

Организаторите на препознатливиот и најпосетуван пивски фестивал кај нас во Република Македонија, “Пивофест” кој што традиционално 16-та година по ред ќе се оддржи во градот под Марковите кули, градот Прилеп и официјално го најавија терминот за овогодинешното издание на еден од најмасовните фестивали нашата држава.

Фестивалот оваа година ќе се одржи на исто место од 12-ти до 15-ти јули во градот Прилеп. Наскоро ќе биде објавена и целосната програма, како и имињата на музичките ѕвезди кои ќе настапат.

Пивофест годинава е во центарот на вниманието, бидејќи за првпат ќе го организира новиот градоначалник на Прилеп- Илија Јовановски. Пред него стои навистина тешка задача, со оглед на тоа дека изминатите години фестивалот го посетуваа над 400 000 гости од Македонија, но и од странство. Поради тоа што е 16-то издание, очекувањата за годинава се уште поголеми и се очекува да биде соборен рекордот на посетеност.

Leave a comment

error: Content is protected !!