Пилот висел низ скршен прозор на 9.700 метри висина, инструментите откажале и летало се низ кабината

Во несекојдневната несреќа при пукање на прозор во кокпит на авион, копилотот буквално бил вовлечен до половината низ настанатиот отвор, и тоа на висина од 9.700 метри.

Пилотот на “Сечуан Ерлајнс” успеал безбедно да го приземји авионот и покрај екстремните услови и ледената температура на која бил изложен, а освен копилотот, повреден бил и уште еден член на екипажот. Никој од 119-те патници не биле повреден.

Авионот летал од кинескиот град Чунгкин до Ласе на Тибет, кога предното стакло во кокпитот наеднаш пукнало.

Лиу Шундажан, пилотот кој успеал да го спушти авионот на безбедно, рекол дека немало никакви знаци на предупредување пред несреќата.

“Немаше никаков знак. Наеднаш, предното стакло на авионот пукна и предизвика голема и гласна експлозија. Следното што го видов е мојот копилот кој до половината беше вовлечен низ прозорот”, рекол тој.

Тој додал дека во настанатите услови не можел да го слуша радиото.

“Се што имаше во кокпитот почна да лета наоколу, а поголем дел од опремата престана да работи. Авионот толку се тресеше што не можев да ги прочитам мерачите”.

Екипажот на авионот успеал да го повлече копилотот и да го врати назад во кабината, така што прошол со помали повреди. Притоа бил повреден уште еден член на екипажот, исто така полесно, додека сите останати патници неповредени го напуштиле авионот по слетувањето.

Leave a comment

error: Content is protected !!