Пет бои за повесел и среќен дом

Психолозите се сложуваат дека боите имаат големо влијание на нашата психа и расположение.

Еве како малите промени може да ви внесат радост во куќата:

Жолта боја:

Жолтата е боја на сонцето и среќата. Научно е докажано дека под нејзино влијание се подига нивото на серотонинот-хормон на среќата. Ова е сигурно најдобра боја за расположение. Исто така ја зајакнува креативноста. Жолтите детали највеќе одговараат за спална соба и тоалет.

Зелена:

Зелената е боја на природата и затоа опушта и позитивно делува на концетрацијата. Оваа боја совршено ја поврзува внатрешноста со околината.

Сина:

Сината боја е смирувачка. Ја симболизира довербата. Во син амбиент обично подобро се работи, бидејќи сме фокусирани и смирени. Најдобра е за работни соби и тоалети.

Розева:

Ќе создаде атмосфера на љубов и сензуалност. Розевата боја зрачи со оптимизам. Добра е за кујна и дневна соба.

Црвена:

Црвената е боја на виталноста. Во дневната соба ќе создаде домаќинска и гостопримлива атмосфера, а во студените денови, домот уреден со црвени детали ќе делува потполо.

Leave a comment

error: Content is protected !!