Перверзна наставничка доби 60 години затвор: Имала секс со нејзиниот 11 годишен ученик…

Можеби уште долго немало да се дознае за сето тоа, доколку еден од учениците не ја фатил наставничката на дело и за тоа ѝ раскажал на својата мајка.

26-годишната Џесика-Џуел Корин Бентон е осудена на дури 60 години затворска казна поради сексуално злоставување на дете од 11 години. Како што пренесуваат американските медиуми, сексуалните односи помеѓу наставничката и ученикот траеле четири месеци.

Судот во Тексас одлучил дека Корин Бентон повеќе нема можност за условен отпуст. На почетокот ѝ се заканувала затворска казна од најмалку 25 години, но откако поротата ги слушнала сведочењата на членовите на нејзиното семејство и извештајот на психологот, казната била зголемена на дури 60 години.„Имаме разработен систем на организации за спречување на ваквите валкани злосторства во округот.

Се што било потребно е храброста на едно дете кое што сакало да му помогне на својот пријател“, изјавила локалната обвинителка.

Откако веќе четири месеци наставничката и ученикот имале сексуални односи, тоа веројатно ќе продолжело да се случува доколку едно дете не ги фатило на дело, а за тоа веднаш ѝ кажало на својата мајка.

Како што пренесуваат американските медиуми, единствена олеснителна околност за наставничката било тоа што сексуалните односи не се одвивале во просториите на училиштето, во спротивно Корин Бентон би можела да добие и уште поголема затворска казна.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!