Прасето Пепа непожелна во Кина

Кинеската интернет платформа Douyin ги тргна сите видеа од цртаниот филм „Пепа Прасе“ бидејќи е оценето дека е „субверзивен“.

Од таму велат дека Пепа е многу мрзелива и им дава лош пример на децата. Global Times пак пишува дека во цртаниот има голотија, мажи кои се облекуваат како жени и еротско однесување. Серијата во Кина се прикажува веќе 10 години и стана многу популарна, но е на добар пат да биде целосно забранета.

„Народниот дневник“, провладиниот медиум на Комунистичката партија, минатата недела го критикуваше штетното влијание на комерцијализацијата на „Пепа“.

„Многу деца сакаат да се истакнат купувајќи Пепа Прасе часовници или други аксесоари, од кои што најголема корист имаат производителите на фалсификувана роба“– се вели во весникот.

Leave a comment

error: Content is protected !!