Овој милионер своето богатство им го дал на сиромашните – Ова е неговата последна порака

Милионерот од Австралија, кој, кога му била дијагностицирана болеста, се посветил на хуманитарна работа и донации, починал оваа недела.

На Али Банат во 2015. година му бил дијагностициран рак. Докторите тврделе дека му остануваат уште само седум месеци живот. Живеел две години подолго од предвидувањата на докторите.

 

Овој филантроп и некогашен бизнисмен последните неколку години собирал пари за сиромашните муслимани ширум светот додека се борел со својата болест.

Пред да му биде дијагностицирана болеста, Банат живеел многу луксузно. Бил сопственик на скапи автомобили, носел само скапа облека и бил фокусиран на материјални работи.

Меѓутоа, кога дознал дека е болен, сфатил дека бил фокусиран на погрешни работи. Тој потоа својата болест ја опишал како “подарок”.

“Тоа навистина е подарок, бидејќи Алах ми даде шанса за промена”, рекол тој во една прилика.

Го продал својот бизнис и отпатувал за Того, каде 55 проценти од населението живее под границата на сиромаштијата.

Банат знаел дека во Того живее значаен процент на муслимани, поради што одлучил своите пари да ги вложи во изградба на џамии, но и училишта за локалното население, а потоа и во изградба на села во кои живеат 200 вдовици.

Потоа го започнал проектот “Muslims Around The World”.

Се проценува дека организацијата собрала 2,1 милиони долари. Во последната видео-сника тој бара неговата работа да не заврши со неговата смрт. Банат побарал снимката да се објави по неговата смрт.

Leave a comment

error: Content is protected !!