Овој древен рецепт од 2 состојки луѓето го користат во борба против кашлицата – тврдат дека дава резултати истиот ден

Непријатната кашлица е многу честа во овој дел од годината, но постои лек кој се крие во вашиот дом. Дознајте како да направите одличен сируп за кашлица од суви смокви.

Сирупот против кашлица можете да го направите сами и тоа по стар, но и тоа како делотворен рецепт. Се што ви е потребно се суви смокви и шеќер.

Потребни состојки:

* Шолја смокви

* Шолја шеќер

* Една до две шолји вода

Подготовка:

 

  1. Ставете ги во шерпа сувите смокви и шеќерот, па додадете вода така што ќе ги прекрие сите состојки.

 

  1. Гответе додека шеќерот не се стопи целосно и додека смесата не стане густа како сируп.

 

  1. Од смесата потоа извадете ги смоквите, а сирупот префрлете го во тегла.

 

  1. Пијте го во мали голтки во текот на целиот ден. Резултатите би требало да ги увидите многу брзо, веќе наредниот ден.

 

  1. Ако не консумирате шеќер, едноставно исфрлете го од овој рецепт. Оставете литар вода да зоврие, па додадете шест поголеми суви смокви. Гответе четири минути, извадете ги смоквите, а преостанатата течност искористете ја како сируп.

Leave a comment

error: Content is protected !!