Овој дечко заработува на многу необичен начин и има многу важен совет за вас!

Еден Британец кој мрази мајонез, нашол необичен начин на заработка, жалејќи се на тој производ и услугата во рестораните.

Крис Овен (39) од Бакингемшир заработува околу 1000 фунти годишно жалејќи се на мајонезот кој во рестораните му го ставаат во храната.

Овен, кого медиумите го нарекоа- Човекот кој најмногу се жали, вели дека повеќе би сакал да биде познат како човек кој не поднесува лоша услуга. Неговиот совет до сите е никако да не се согласуваат со лошата услуга.

За ББС објасни како месечно „вади“ околу 90 фунти жалејќи се на збрката на менијата на рестораните поврзана со мајонезот. Често му се случува да побара храна без мајонез, но на крајот сепак добива баш таква каква што не сакал. Откако прв пат почнал да инсистира да го добие точно она што го нарачал, па досега заработил околу 3000 фунти.

„ Најлоша ситуација е со бургерите. Секогаш ставаат мајонез на хамбургерите“– вели Крис.

Кога ќе ја врати нарачаната храна, понекогаш му ја намалуваат вкупната цена, а понекогаш добива и попуст за целокупната нарачка.

„Мајонезот е вистински тиранин помеѓу додатоците. Притоа е и многу безобразен. Мисли дека секоја храна ја прави повкусна, но тоа не е вистина“– додава Крис Овен.

И додека неговата омраза спрема мајонезот не познава граници, ова не е единствениот додаток кој го презира. Не ги поднесува ниту преливите за салата кои ги нарекува „помошници на мајонезот“. Овој ПР експерт не се откажува од својот начин и вели дека Британците се склони кон тоа на сите проблеми да одговараат со „Во ред е, нема гајле“. Наместо тоа, Крис смета би требало да се завземат за себе и да реагираат ако нешто не е во ред.

Една од првите работи на која некогаш се пожалил и така заштедил пари, била пица на која имало толку многу чили што би можела „да уништи помала војска“. Пицата на крајот не ја платил бидејќи на персоналот на ресторанот им одговорил дека таква пица веројатно би го убила.

Исто така заработил околу 400 фунти, жалејќи се на лошо наместената рерна која би можела да му ја запали куќата, а потоа заработил и додатни 200 фунти поради доцнење на нарачка.

„Никако не се согласувајте на лоша услуга. Во ред е да се пожалите, ако тоа го направите пристојно“– советува Крис.

Leave a comment

error: Content is protected !!