Русија во текот на годините создаде низа на бизарни онлајн сензации, без разлика дали се снимки од камерата на контролниот панел или комплетната хард-бас сцена.
Поради тоа не е посебно изненадување што од тие простори се појавуваат брутални снимки од еден релативно нов спорт. Станува збор за професионално удирање шлаканици и ако сè уште не сте слушнале за оваа дисциплина, време е тоа да го промените.
Во сибирскиот град Краснојарск неодамна е одржан Siberian Power Show, а во морето на други дисциплини како што е бодибилдинг, дигање на тегови и натпреварување во јадење кнедли, се одржа и натпревар во удирање на шлаканици.
Правилата се многу едноставни. Двајца натпреварувачи доаѓаат до масата и си удираат шлаканици додека еден од нив не се откаже или заврши на подот. За шамарите да изгледаат поспектакуларно натпреварувачите користат и креда.
И пред да се запрашате зошто некој би се пријавил, одогворот е парите. Секако, износот не е ниту приближно импресивен како во останатите спортови кои вклучуваат примање на удари, паричната награда е симболична од 400 евра. Победникот на овој натпревар бил Василиј Пелмен познат како Кнедла кој има речиси 170 килограми и удар кој буквално соборува со ногата.