Овој 21-годишен Австралиец направил 40 естетски операции: Го прашуваат зошто, ова е неговиот одговор

21-годишниот Австралиец Итан Брамбл самиот се опишува како “најмодифициран” маж на светот. Тој целосно го изменил својот изглед, направил 40 естетски операции, а на телото има и повеќе од 150 тетоважи.

Оваа опсесија започнала кога имал само 11 години. Имено, Итан тогаш ги проширил своите ушни ресички, и од тогаш не сопрел. Осум години работел како тату-артист, а тој период знаел и самиот да се тетовира. Кога имал 17 години, го раздвоил својот јазик. Потоа си ги дупнал и ноздрите, а со операција го отстранил и папокот.

“Ми приоѓаат на улица, посебно девојки и ме прашуваат зошто го правам тоа. Јас им одговарам со прашање: Ти зошто ја боиш косата ги лакираш ноктите? Зошто се шминкаш? Ова е мој избор, сакам да изгледам токму вака”, рекол Итан.

Тој додал дека секогаш верувал дека не треба да се осудуваат луѓето според изгледот.

Итан Брамбл е татко на 11-месечна ќерка, а на социјалните мрежи го следат повеќе од 65.000 луѓе.

Leave a comment

error: Content is protected !!