Некои хороскопски знаци се неверојатно верни и моногамни, а неверството никогаш не би им паднало на памет. Овие три тоа дефинитивно не се, а еве и зошто најчесто изневеруваат.
Близнаци – Изневеруваат од чиста досада
Близнаците не сакаат рутина, но ако во врска почувствуваат дека се доближуваат до таа категорија, без проблем ќе побараат нешто ново кај некој друг.
Лав – Изневерува бидејќи сака повеќе внимание
Колкаво внимание и да му давате на лавот, веројатно нема да биде доволно: Лавовите се опседнати со идејата дека светот се врти околу нив, а ако на секоја секунда не се задоволни со вниманието кое го добиваат, брзо ќе го добијат од друго место.
Скорпија – изневерува бидејќи сака да шири љубов
Скорпиите се многу сексуални суштества и сакаат да шират љубов секогаш кога можат, а тоа најчесто значи дека шират љубов и меѓу луѓе со кои не се во врска.