Овие луѓе веруваат дека се вонземјани во човечки облик: Запознајте ја цивилизацијата која живее според неверојатни правила

На еден час возење од главниот град на Бразил, Бразилија, се наоѓа еден од најдуховните градови на таа земја – “Долината на изгрејсонцето”.

На прв поглед, оваа долина изгледа како минијатурен тематски парк во кој посетителите можат да вида најголеми светски чуда без да одат на скапоцени патувања.

 

Изграден во Планалтини, сателитски подрачје во околината на Бразилија, езерскиот комплекс содржи пирамида, храм како вселенски брод, шестоаголен молитвен центар и неколку скулптури во облик на елипса.

Прецизно дизајниран, комплексот отсликува сложени, сеопфатни доктрини и убедувања во религијата – извлечени од различностите на религиите и цивилизациите, вклучувајќи го христијанството, хиндуизмот, јудаизмот, Инките и древен Египет.

 

Според приврзаниците на Долината на изгрејсонцето, вонземјанските битија слетале на Земјата пред 32.000 години за да и помогнат на човековата цивилизација да напредува. Битијата тогаш се вратиле на Земјата преку последователна инкарнација на различни култури и ери.

Членовите на долината, познати како медиуми, веруваат дека се најнова инкарнација на јагуарите.

Долината на изгрејсонцето во 1959. година ја основала Неива Чавез Зелаја, позната како тета Неива. Вдовицата со четири деца прво работела како возач на камион во Бразил, а потоа била во движењето кое се заложувало Рио Де Жанери да стане главен град на Бразил. Тогаш почнала да доживува “спиритуални епизоди” за кои подоцна верувала дека се всушност посети на духови од вонземјениот свет.

Два члена на оваа цивилизација обично работат во пар во текот на ритуалите, Апара, или приемниот медиум, има задача физички да го инкорпорира дихот, додека индоктринскиот медиум ја презема задачата да го подучи духот и да му помогне да го отфрли духовниот свет. Следбениците веруваат дека ритуалите исто така им помагаат на медиумите да се искупат за кармичките долгови од своите минати животи.

Со 800.000 следбеници и 600 храмови во светот, Долината на изгрејсонцето е една од најбрзо растечките верски заедници во Бразил, вели Кели Хејс, вонреден професор по религиски студии на Универзитетот во Индијанаполис.

Сепак, мнозинското општество и верските заедници во Бразил често ја избегнуваат Долината, карактеризирајќи ја како култ. Тензиите се посебно големи меѓу членовите на Долината и евангелистите, кои изградиле црква во близина на заедницата. Евангелистите сметаат дека следбениците на Долината се под влијание на ѓаволот.

“Бразилија во тоа време значела дека Бразил влегува во современиот свет и станува модерна нација”, вели Хејс.

Leave a comment

error: Content is protected !!