Овие луѓе толку ја сакаат својата земја, па решиле сами да го платат нејзиниот национален долг

На државата чиј долг изнесува речиси 80 проценти од БДП-то, жителите одлучиле да и помогнат со сопствени пари, преку “Краудфандинг кампања”. Веќе првиот ден собрале речиси 19 милиони долари, иако е тоа буквално само “капка во морето”, со оглед на тоа дека националниот долг на Малезија изнесува повеќе од 250 милијарди долари.

Изгледа дека во оваа азиска држава и натаму владее оптимизам по првата промена на власта од 1957. година, па се подоготвени да и помогнат на државата од сопствен џеб.

 

Кампањата ја започнал 27-годишен маж кој вели дека “е многу заљубен и горд на својата земја”, а таа привлекла интерес од целата земја и власта.

“Граѓаните доброволно ги делат своите пари со владата за да ни помогнат да го решиме овој тежок товар”, изјавил министерот за финансии Лим Гуан Енг и додал дека ваквиот начин на собирање на парите е “систематичен и транспарентен”.

Во првиот ден од кампањата собрани биле 1,8 милиони долари, а “BBC” пишува дека ваквиот начин на помош потсетува на доцните 1990-ти, кога жителите на Јужна Кореја стоеле во редови за да донираат бурми и други вредности за да помогнат на државната економија.

Иако меѓу Малезијците владее оптимизам, економските експерти не се толку воодушевени со овој начин на враќање на огромниот долг и предложуваат поефикасни начини, како плаќање на даноци и купување на домашни производи. Не се задоволни ни корисниците на социјалните мрежи од другите држави, кои веќе шпекулираат дека и нивните земји ќе се обидат нешто слично.

Новиот премиер нагласил дека на сите начини ќе се бори да го намали огромниот долг, а се надева дека еден дел, околу 700 милиони, ќе се вратат кога започнат обвиненијата за корупцискиот скандал на поранешниот претседател.

Leave a comment

error: Content is protected !!