Овие девет работи никако немојте да ги правите во странство!

Пред да тргнете кон некоја од светските дестинации, најдобро е да ги проучите тамошните закони.

Ова се 9 необични закони на кои мора да обрнете внимание:

Забрането тетовирање и селфи со Буда

Ова правило важи во Шри Ланка, па ако се најдете таму по секоја цена избегнувајте селфи со некоја статуа на Буда. Добар дел туристи се „изгореле“ и платиле парични кажни. Истото важи и за тетоважи со ликот на Буда.

Забранети електронски цигари

Ако одите во Тајланд заборавете на својата електронска цигара. Доколку ве фатат со неа, секако ќе платите парична казна, а ако некој судија се „запне“ за вас, би можеле да завршите и позади решетки. Тајланѓаните од неодамна забранија и пушење на многу плажи.

Не носете маскирна облека

Многу карипски држави како Барбардос, Света Лусија и Свети Винсент забрануваат облекување на маскирна облека. Ваков вид на облека не смеат да носат ниту децата.

Не ги хранете гулабите во Венеција

Од страна, пред својот хотел или на некои збутани места може да се извлечете со оваа активност, но тоа нека не ви паѓа на памет на плоштадот Свети Марко. Таму веќе има премногу гулаби, па градските власти строго забранија нивно хранење, за да не се привлекуваат додатно уште птици.

Пазете на бензинот во Германија

Кога се наоѓате на патиштата во Германија, добро внимавајте дали имате доволно гориво. Со закон е забрането да останете без гориво, што и не е баш необична работа, имајќи на ум дека на тој начин можете да ги довете во опасност другите, но и себе.

Без плукање во Барселона

Некултурното однесување во вид на плукање по улица постои речиси секаде низ светот. Сепак градските власти во Барселона решија да реагираат на таков вид на некултура, па плукањето е прогласено за непожелно и може да добиете казна.

Чевли со високи потпетици во Грција

Грција не го забрани носењето на високи потпетици насекаде, туку само на посетителите на важните знаменитости како што е Акропол. Оваа одлука е донесена откако е заклучено дека поради високите потпетици може да се оштетат историските места и споменици.

Внимателно со парите во Бангкок

Да кажеме дека се наоѓате во Бангкок и случајно на под или улица ви падне пара. Не сте ја виделе и газите врз неа, а сето тоа го приметува полицијата. Епилогот е апсење или во најдобар случај парична казна бидејќи го навредивте кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навредата на кралот во оваа земја се смета за злостор.

Не пцујте во Обеднитете Арапски Емирати

Пцуењето, баш како и сите непристојни гестови строго се забранети во оваа држава. Прекршители можат да бидат веднаш депортирани или уште полошо- да завршат во затвор.

Leave a comment

error: Content is protected !!