Овие четири хороскопски знаци се најпромискуитетни!

Некои знаци сакаат додатно да го зачинат животот, посебно во спалната соба. Кога се во прашање нивните партнери, квалитетот го бараат во квантитетот. Тоа не ги прави прељубници, туку големи љубители на сексот.

Познати по својата дволичност, Близнаците сакаат да имаат повеќе опции со се во својот живот. Сакаат да знаат за се и сешто по нешто, а ако треба и да растурат некоја врска за да го прошират своето сексуално знаење, тие би го направиле тоа. Она што е најлошо е што никогаш нема да се задоволат и секогаш ќе бараат нова забава и начини да ги задоволат своите партнери.

Кога е во прашање Стрелецот, нивното либидо никогаш не е задоволено. Најголемото диво дете во Зодијакот сака да е слободно и се да проба по еднаш, ги брка своите соништа без разлика колку тие се достапни или не се. Поради ова, Стрелецот сака да има избор од неколку луѓе кои ќе ги повика во секое време.

Рибите живеат за мали излети, а сексот може да биде еден од нив. Повеќе од тоа, Рибите се склони да живеат во светот на фантазијата, па често бакнуваат премногу жаби пред да го најдат принцот. Позади таа причина, промискуитетноста повеќе зборува за нивниот непоправлив оптимизам за вистинска љубов, отколку за желбата за секс.

Оваа листа би била некомплетна без Скорпијата, знакот кој го преставува сексот. Интересно е што Скорпијата може да оди од крајност во крајност- или ќе има премногу партнери или ќе биде тотално опседната со себе. Без оглед на тоа, сексот е голем дел од нивната личност и многу ги интригира, па поради тоа се во постојана потрага за нови сексуални искуства кои ги сметаат за спорт.

Leave a comment

error: Content is protected !!