Овие автомобили ќе ги читаат вашите мисли

Автомобилските компании на секој начин се обидуваат да ги направат своите автомобили што е можно побезбедни, па така во изминатите години се развиени бројни технологии кои му асистираат на возачот и го прават возењето далеку побезбедно.

Nissan во тој поглед сега оди чекор понапред – ќе го користи човечкиот мозок во зголемување на безбедноста во возењето. Имено, тоа во што компјутерите се подобри од нас е брзината на реакција. Кога ние ќе забележиме нешто, потребно е одредено време за мозокот да даде команда до, на пример нозете и рацете, додека функциите кај компјутерите се извршуваат со далеку поголема брзина.

Токму тоа е сегментот кој Nissan ќе се обиде да го подобри – брзината на нашата реакција. Имено, оваа компанија пронајде начин да ги поврзе мозочните активности со самиот автомобил, па може да се каже дека автомобилот ги чита мислите на возачот. Кога возачот ќе забележи нешто на патот, автомобилот ќе може да го „прочита“ тоа и да реагира пред возачот, со што би била спречена потенцијална незгода.

Сигурно многу пати досега ви се има случено да го забележите лежечкиот полицаец, но да не стигнете навреме да ја намалите брзината. Тоа, од Nissan тврдат дека нема да се случува во идните генерации на нивните автомобили, затоа што нивната технологија ќе може да го прочита тоа и навреме да реагира пред тоа да го стори самиот возач.

Ова е навистина револуционерна технологија која дефинитивно ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот, па сега останува да почекаме и да видиме како тоа ќе функционира во пракса кога од Nissan ќе бидат подготвени да ја имплементираат технологијата во нивните автомобили.

Leave a comment

error: Content is protected !!