Преубавата куќа во која некогаш живеел прочуениот Ал Капоне денеска е на продажба.
Вилата, позната под името 93 Palm, се наоѓа во Мајами покрај островот Palm Island. Изградена е во 1922 година, а вкупната површина на куќата изнесува 11 000 квадратни метри.
Куќата на Ал Капоне, од неодамна е реновирана, но изгледа исто како во старите гангстерски филмови. Вредноста на оваа недвижнина е проценета на 15 милиони долари.
Вилата има 7 спални соби и 5 тоалети.
На подрачјето на комплексот се наоѓа и одвоен пансион, мал бунгалов и голем базен, како и пространи зелени површини кои се како создадени за секој вид на одмор.
Поради сигурносни мерки, куќата е опкружена со ѕид висок два метри, а ние само можеме да замислиме како Ал Капоне го проаѓал своето време во неа.