Сакате на море, а немате многу пари? Во оваа земја летувањето е најевтино!

Доколку ви здосади секоја година да летувате во Грција, а сакате да посетите друга земја и да не потрошите многу пари, тогаш ваш вистински избор е оваа туристичка дестинација.

Ако се одлучите да летувате овде, може да поминете седумдневен одмор и за 150 евра, вклучувајќи го и спиењето. Ако сакате полуксузен одмор, има одлични хотели кои нудат „all inclusive” услуга за 200-300 евра.  Ако сте со поплиток џеб, тогаш Бугарија е вистинската дестинација за вас ова лето.

Во јуни, август и септември, одморот во Бугарија е поевтин отоколку во јули кога е екот на сезоната, па во тие месеци цената за сместување се движи од 5 евра до максимални 30 евра на ден. Просечната цена за сместување во хотел со 2 и 3 ѕвездички на база ноќевање со доручек во овој период е 12 евра по човек.

Најпопуларни летувалишта во Бугарија се Несебар, Китен, Сончев Брег, Варна и Златни песоци.

  • Несебар е град во југоисточна Бугарија. Последните 30 години, ова гратче е главно туристичко одредиште во подрачје богато со хотели, а тука е и Сончев Брег кој се наоѓа веднаш до Несебар. Во неколку прилики, овој град бил граница на загрозени империи и поради тоа има богата историја. Стариот дел од градот се наоѓа на остров кој во поново време е поврзан со брегот, а таму се наоѓаат еден куп докази за освојувањата на различни цивилизации.

 

  • Китен е приморско летувалиште на брегот на Црно Море, каде што најчесто летуваат Македонци, Руси и Срби. Од Софија е одалечено 450 км. Има неколку убави плажи, а во позадина се издигнува прекрасна планина. Ова е совршено место и за млади и за фамили бидејќи има и ресторани, продавнички, кафулиња, забава за деца. Китен воедно важи и за едно од најевтините места за летување.

 

  • Сончев Брег е најмодерното летувалиште на Црно Море, сместено во осум килмотери долгиот песочен залив, кој формира полумесечина. Северниот дел од летувалиштето се издигнува кон Стара планина. Доколку сакате 24 часовна забава за сечиј вкус, тогаш одберете го Сончев Брег. Интересно е што овде може и да си купите апартман во близина на плажата за само 10 000 евра.

 

  • Златни песоци се луксузно одмаралиште на море со величествен пејсаж, со брда прекриени со шума, кои се спуштаат кон една од најубавите плажи на светот. Ова летувалиште се наоѓа во близина на историскиот град Варна. Овде ќе ве дочека мирно топло море, старогодишни шуми, плажи прекриени со фин златен песок, лековити минерални извори како и фантастични услови за одмор, спортски активности и забава.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!