Оваа руска мисица на непријателите им внесува страв во коски: Олга била сираче, а потоа земала снајпер во раце да го одбрани својот дом

21-годишната Олга Шишкина била сирак кога доброволно станала снајперист во судирот во источна Украина и тоа пред освојувањето на титулата мис.

Била доброволец во проруските сили, а со време станала еден од најдобрите снајперисти, која без грешка ја гаѓа метата која од неа оддалечена на околу 1.200 метри.

“За нас снајперистите тие се мети. Ова е војна. Јас не пукам во цивили”, рекла таа.

Таа се борела на страната на самопрогласената Народна република Доњецк.

Пред две години се префрлила во единиците во Доњецк на “понатамошно војување”, јавуваат локалните медиуми.

Неодамна учествувала на избор за мис, под име “Мис на републиката”.

“Минав низ кастинзи. Стекнав самодоверба, запознав многу луѓе и сфатив дека постои живот и надвор од војската”, навела таа.

Ја освоила титулата “Мис преобразување” – поради нејзината трансформација од снајперист до мисица. Наградата била лап топ.

Планира да се омажи за човекот со кој служела на првата линија на фронтот.

“Не постои нешто што може да не раздели”, вели таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!