Оваа хаска не разбира магија – сопственичката го збунила своето куче на оваа интересна снимка

Хаската останала шокирана од “магијата” со која “исчезнала” нејзината сопственичка Сандра.

Сандра Питерсен го снимила шокот на својата сибирска хаска Џакс откако таа “исчезнала” во својот дом во Вулвич, Лондон. Снимката на Инстаграм собрала повеќе од 1,8 милиони прегледи. Џакс веќе подолго време е вистинска ѕвезда на оваа социјална мрежа, а неговиот профил, кој секако го води Сандра, го следат повеќе од 120 илјади луѓе.

 

23-годишната Питерсен, која е студентка по медицина на универзитетот во Вестминстер, изјавила:

“Не сакав да ги замарам луѓето кои ми се пријатели на социјалните мрежи со фотографии од Џакс, па затоа минатата година му направив профил”.

Сандра живее заедно со своето момче Сем, а Џакс патува со нив каде и да одат тие.

Leave a comment

error: Content is protected !!