Оваа европска држава константно ги зголемува платите – и е вистинска дестинација за оние кои бараат работа

Работниците во Чешка Република, полека но сигурно, победуваат во борбата за повисоки плати, пишува “Bloomberg”. Оваа европска земја, чиј БДП расте секоја година, се мачи со недостигот на работна сила. Од 10.6 милиони жители, невработени се само 2,2 проценти, а новите работници Чешка ги мами со големи бонуси и со се поголеми плати. Претседателот на националната синдикална организација во Чешка, Јосеф Стредула, смета дека растот на платата ќе продолжи и во наредните години.

“Во период од три, четири години, платите ќе растат по реална стапка, три до пет проценти годишно”, рекол Стредула во едно неодамнешно интервју.

Само во последниот квартал минатата година остварен бил раст од номинални осум проценти, односно 5,3 проценти кога ќе се пресмета инфлацијата. Така просечните плати во поранешната комунистичка земја изнесуваат 31,646 круни. Чешка по висината на платите надминала земји како Португалија и Грција, а сериозно се доближила и до Шпанија.

Во градот Брно, на пример, се нудат бонуси во вредност од три месечни плати. Работниците во “Škoda” организирале протести за да им се ускладат платите со оние на работниците во “Volkswagen”, а тоа и го добиле пред еден месец, кога им биле зголемени платите за 20 проценти.

Но, работници во оваа држава нема. Според бројот на невработени Чешка е подобра од Германија, но не е ни блиску според висината на платите кои се меѓу најниските во Европа.

“Дали би работеле иста работа како соседот во Германија, а за тоа да сте платени три пати помалку”, се прашува Стредула.

Премиерот Андреј Бабиш ветил дека ќе ги им зголеми платите на здравствените работници, наставниците, но и пензиите на пензионерите. Кон крајот на минатата година сите службеници добиле зголемувања на платите од 10 проценти.

Чешка, инаку, благодарение на добрите реакции на Централната банка, која ја намалила вредноста на домашната валута за да го сочува извозот, има најстабилна европска економија во 2017. година.

Leave a comment

error: Content is protected !!