Оваа девојка ја бара полицијата низ цел Либан! Излегла низ прозорот на кровот, ја кренала маицата, ги покажала градите и направила хаос

Либанската полиција ја бара девојката која на автопатот пред Сидон, трет град по големина во оваа држава, излегла низ кровниот прозор на автомобилот, ја кренала маицата и ги покажала голите гради.

Либанските улици често се центар на сериозни кршења на законите, а полицијата тоа речиси и да не го контролира.

Но, оваа девојка ја поделила нацијата – додека едни бараат да биде уапсена, други се смеат и велат дека тоа е обична шега. Меѓу првите е Зијад Акл, основач на YASA, организација за безбедност на патиштата, кој бара полицијата да ги уапси сите вмешани во овој случај.

“Состојбата на нашите улици е хаотична, катастрофална. Полицијата мора да го подобри почитувањето на сообраќајните прописи, а не само да ја контролира брзината на возењето на неколку патишта. Ова анонимно шоу е незаконски и неморално”, рекол тој.

“Слушав радио, се вклучуваа многу жени и зборуваа дека тоа е нејзина работа. Дека може да прави што сака”, напишал блогерот Натер Х. Лтејф. “Нека тренираат строгост на криминалците, а не на девојка која покажала гради!”.

“Да сум министер за туризам, јас ова би го легализирала, па да видите како туризмот ќе ни процвета”, додава Дија Наср.

Либан е мала држава со само шест милиони жители, но има една од најлошите стапки на сообраќајни несреќи. Секоја година во просек се случуваат 4.500 несреќи на патиштата, а последица од тоа е 6.000 повредени и 900 загинати.

Leave a comment

error: Content is protected !!