Ова ви е потребно за летните горештини: Чадор кој го штити вашиот автомобил од сонце и дожд

Ако сте личност опседната со својот автомобил и ако постојано го чистите, а не поседувате гаража, тогаш сигурно имате проблеми кога Вашиот автомобил е надвор.

Кога автомобилот постојано е изложен на сонце или дожд, тоа може да влијае на него и тоа во негативна смисла.

 

Сонцето и ниските температури се најголемите непријатели. Сонцето буквално го “пржи” Вашиот автомобил, ги топи пластичните и гумени делови, ја оштетува бојата и ги заматува фаровите, додека пак студеното време, дождот, снегот доведуваат до оштетување на каросеријата и забрзано ‘рѓосување.

Меѓутоа сега ни доаѓа еден нов производ, кој вашиот автомобил ќе го заштити додека е надвор од гаражата. Станува збор за чадор за автомобил кој се поставува на кровот на автомобилот и кој сосема го покрива просторот над него. Кога тој ќе се активира, Вашиот автомобил е имун на сите надворешни влијанија.

Сонцето повеќе нема да му штети, бидејќи автомобилот ќе биде во ладење, дождот, снегот нема да го уништат, а прашината и лисјата нема да завршат на кровот. Чадорот има автоматска функција, која на одредени периоди вибрира, така што сè што ќе се задржи на платното, набрзо ќе падне на земја.

Поради тоа нема потреба да се грижите дали на кровот ќе се наталожи голема количина снег или прашина. Цената на овој чадор изнесува 199 долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!