Ова се тајните за долга врска кои може да ги научите од Французите

Одржувањето на здрава врска не е едноставно, а секогаш е важно да имате трпение и волја. Ви пренесуваме 3 совети, до кои Французинките се придржуваат, за да не згасне љубовната искра.

1. Фокусирајте се еден на друг

Ова е тешко секојдневно да го постигнете, но важно е да одвоите време само за вас двајца. Работа, грижи, обврски, деца, пријатели, семејство.. сето тоа може да почека барем еден час. Бидејќи, ако не можете да посветите барем малку време на вас, вашата искра полека ќе згаснува.

2. Заедничко патување

Разбијте ја долгогодишната рутина со семејни патувања и одмори, со тоа што ќе најдете аранжман само за вас двајца, па макар и само за викенд. Локацијата не е толку важна, колку што е важно вие двајца да бидете сами и да се потсетите како сте се заљубиле и одлучиле заедно да го поминете остатокот од животот.

3. Не ја занемарувајте улогата на долната облека

Французинките се светски познати по својот стил на облекување и по тоа што голема важност ѝ придаваат на долната облека. Па така во нивните гардеробери секогаш може да најдете неколку убави комплети со чипкани градници и гаќи. Иако навидум е неважна, убавата долна облека е пријатно изненадување, кое партнерот секогаш ќе го памети.

Leave a comment

error: Content is protected !!