Ова се случува еднаш во 100 години, на улиците змии и крокодили: По пеколните горештини, во Австралија поплави

По пеколните горештини, делови од Австралија погодени од катастрофални поплави.

На североистокот на земјата повеќе од 20.000 луѓе биле принудени на евакуација поради закани од поплави.

Градот Таунсвил во Квинсленд е речиси целосно поплавен. Жителите останале без струја, а многумина биле принудени да се качуваат на крововите на домовите за да се спасат од поплавите.

“Реката Рос ќе продолжи да расте се до понеделник навечер. Очекувајте уште поголеми поплави во Таунсвил, многу патишта ќе бидат под вода”, предупредуваат метеоролозите.

“Ова се случува еднаш во сто години”, рекла премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук.

Во текот на денешниот ден се очекуваат уште пообилни дождови. Стотина домови во Таунсвил се веќе евакуирани, но поплавите им се закануваат на уште 20.000 домаќинства.

“Ако не морате, не излегувајте на улица”, предупредуваат дежурните служби.

За ситуацијата да биде уште полоша, граѓаните дојавуваат дека на улиците виделе крокодили и змии.

“Еден беше долг повеќе од два метри”, рекла жителка на Таунсвил, која го фотографирала крокодилот во дворот на својот дом.

Leave a comment

error: Content is protected !!