Кражба на храна или незаклучена врата- Ова се причините за караници помеѓу цимерите и бркање од станот

Велат дека заедничкото патување е најголем тест за пријателство, љубов или било каков однос. Тоа е забрзано запознавање, пред да дојде до заеднички живот. Но, многу луѓе мора да одберат заеднички живот бидејќи едноставно немаат средства за да плаќаат за цел стан. Па, така речиси сите студенти, голем број на млади вработени кои не работат ниту студираат во своето родно место, го искусиле „цимерувањето“.

Животот без родители, со свои врсници звучи како рај на земјата. Никој не те „замара“ дека долната облека мора да ја испеглаш, никој не се буни затоа што секоја вечер со друштвото се „загреваш“ пред излегување во станот. Ако, се соберат садови, па што ако, луѓе сме ќе се договориме.  И така од недела во недела, се случува само една странка да се договори со сунѓерчето и средството за миење садови и да биде задолжена за таа работа. Или па си доаѓаш дома мртов уморен и гладен и знаеш дека во фрижидерот имаш пиво, јагоди и пица од вчера. Но, замисли нема ништо, а цимерот нагло добива амнезија. Ваквите ситници за многу кратко може да ви го претворат овој живот од рај во пекол.

Апликацијата SpareRoom направи истражување на 1000 свои корисници и дозна кои се најлошите 10 работи поради кои довчерашните состанари се караат и ги напуштаат становите:

Оставање неред после готвењето ( 69 %)

Избегнување на својот ред за чистење на станот ( 64 %)

Крадење на храна/пијалоци од цимерот ( 38 %)

Носење друштво постојано и целовечерна бучава (37 %)

Незаклучување на врата, оставање отворени прозорци кога станот е празен (31 %)

Вселување на партнерот/ партнерката без прашање ( 29 %)

Предолго задржување во тоалет и трошење на целата топла вода ( 25%)

Кога не се менува и купува тоалетна хартија (24 %)

Оставање на своите лични работи насекаде низ стан/куќа (20%)

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!