Ова се десетте најсилни пива во светот

Омилениот пијалок за разладување од летните горештини на многумина е пивото. Земете го пивото во рака и прочитајте ги најдобрите 10 пива во светот.

На здравје!

1. Samuel Adams, Utopias – 28%

– Форма и боја на бакарен бокал – дури и самото пакување е атрактивно. Содржината се чува и до 22 години во различни буриња. Пиварата од Бостон, на секои две години на пазарот исфрла некое ново силно пиво. Цената е околу 190 евра по шише. Ова е најсилното пиво во САД.

2.BrewDog, Tactical Nuclear Penguin – 32%

– Шкотската пивара Бру Дог со години поставува рекорди. Во 2009 година „Tactical Nuclear Penguin“ беше најсилното пиво на светот. Треба да се консумира во мали количества.

3.Struise, Black Damnation VI-Messy – 39%

– „De Struise Brouwers“ е белгиска микропивара. Серијата „Black Damnation“ се темели на темното пиво „Russian Imperial Stout-Bier“, а „VI-Messy“ е најсилната варијанта со 39% алкохол.

4.Schorschbräu, Schorschbock 40 – 40%

– Пивото Шоршбок содржи 31% алкохол и е производ на германската пивара Шоршбрау. Пивото за прв пат се појави во 2009 година, а една година подоцна се појави и верзијата со 40% алкохол.

5.BrewDog, Sink the Bismarck! – 41%

– Од пиварата Бру Дог, пивото кое содржи 41% алкохол го именуваа по познатиот нацистички воен број „Бизмарк“. Цената за едно шише изнесува 100 евра.

6.BrewDog, The End of History – 55%

– Во борбата за титулата најсилно пиво на светот, Бру Дог создаде нова верзија на белгиско пиво која содржи 55% алкохол. Шишињата се ставаат во телата на препарирани животни. Во 2010 година беа произведени само 12 шишиња од ова пиво. Во 2016 година беше покрената кампања за доброволно финансирање на пиварата, а сите кои ќе вложат повеќе од 20.000 долари, добиваат ваков подарок.

7.Schorschbräu, Schorschbock 57 – 57%

– Пиварата Шоршбрау во 2011 година на пазарот го претстави пивото Шоршбок 57. Името на пивото го оддава и волуменот на алкохол кој го содржи, 57%. Одговорните мајстори во пиварата не сакале да произведат пиво со поголема концентрација на алкохол за да не ја прекршат 500 години старата „Заповед за чистотата на пивото“. Произведени се само 36 примероци – цената за едно е 200 евра.

8.’t Koelschip, Start the Future – 60%

– Холандската пивара „’t Koelschip“ на пазарот го претстави пивото „Start the Future“ еден месец по претставувањето на пивото „End of History“ на Бру Дог. За ова пиво, кое соддржи 60% алкохол ќе треба да одвоите 35 евра.

9.Brewmeister, Armageddon – 65%

– Шкотската пивара Брумајстер во 2012 година ја претстави серијата на пива „Армагедон“ со 65% алкохол – но и со малку етанол, како што покажаа анализите. Затоа, ова пиво од пазарот исчезна исто толку брзо како и што се појави.

10.Brewmeister, Snake Venom – 67,5%

– Но, пиварата Брумајстер не се откажа од своите намери и една година подоцна го претстави пивото „Snake Venom“ (змиски отров) кое содржи 67,5% алкохол. На него е напишано дека не треба да се пие повеќе од 35 милилитри одеднаш.

Leave a comment

error: Content is protected !!