Ова преслатко “бебенце” е ѕвезда во Берлин

Берлинската зоолошка градина “Tirgarten” го покажала новото младенче на поларната мечка Тоња, старо три месеци, кое би можело со својата убавина и разиграност да стане ѕвезда на германската престолнина.

Мечето, кое уште не добило име, е родено на 1-ви декември и зоолошката градина наведува дека добро се развива, пренесува AP.

Денес прв пат му било дозволено да излезе од својот затворен кафез и уживало во прошетката со мајката Тоња и капењето во студеното и оградено езеро.

Зоолошката градина вели дека на мечето ќе му виде дозволено да излегува секојдневно и дека сите ќе можат да го видат.

Leave a comment

error: Content is protected !!