Ова патување ќе ве чини илјадници евра, а не би му го посакале на никого

Новата тура наречена “Uncharted Expedition” ви го нуди токму тоа – мистериозно патување низ Централна Азија и посета на градови и села кои не можат да се најдат ниту на “Google Maps”.

За 10-те патници кои се доволно храбри да патуваат 3.500 километри во непозната насока има само една информација како почетна и крајна точка на оваа авантура – Астана, Казахстан и Улан Батор, Монголигија.

Дарел Вејд, основач на компанијата “Interpid Travel” вели дека ова патување би им се допаднало само на најголемите авантуристи, особено доколу ја земеме предвид цената од 7 илјади долари по лице во која е вклучен и авионскиот превоз.

“Не знаете каде одите, што ќе видите, каде ќе спиете ниту што ќе јадете. Ќе патувате некогаш и по неколку дена, не секогаш ќе имате електрична енергија и Wi-Fi, ќе се туширате со студена вода, а ќе го консумирате она што ќе ви се најде на патот, вклучувајќи и млеко од кобила”, вели тој.

Експедицијата започнува на 30-ти јуни следната година во чест на 30-годишнината од основањето на компанијата која сака да открива нови и непознати дестинации и од нив да направи еден вистински авантуристички пакет.

Leave a comment

error: Content is protected !!