Ова куче дефинитивно заслужува Оскар

Можеби никогаш не би ви паднало напамет дека куче може да глуми, но ова навистина заслужува Оскар.

Гае, куче скитник од Бангкок, редовно глуми дека задната нога му е скршена и ја влече, но кога луѓето ќе му се приближат за да му помогнат или да му дадат храна, тоа почнува весело да скока и да трча.

Локалците откриле дека кучето го одвеле на ветеринар и дека сè е во ред со неговата нога:

“Тоа старо куче веќе со години живее недалеку од моето работно место. Постојано го изведува тој трик. Го хранам со ориз, но и понатаму го прави тоа. Многу е паметен. Мислам дека тоа го користи за луѓето да му даваат храна”, раскажала една жителка на Бангкок.

Leave a comment

error: Content is protected !!