Ова е светската престолнина на марихуаната, а таа таму воопшто не е легална

Во далечните брда на Реинбоу регионот во источна Австралија се наоѓа мала населба со интересна репутација.

Австралискиот град Нимбин има само 1.500 жители. Со доаѓањето во овој град како да сте дошле во земјата на мирот, љубовта – но и марихуаната.

Со Канабис бар, бројни продавници за марихуана и автобуси од туристи кои сакаат да купат од посебните колачиња, Нимбин отсекогаш бил пред своето време.

Некогаш фармерската населба со мрачна иднина, Нимбин, добила втора шанса кога била избрана како место во кое ќе се одржува Аквариус фестивалот во 1973. година. Тој фестивал бил неделно собирање на студенти, уметници и хипици, кои ја прославуваат креативноста.

Меѓутоа, по завршувањето на фестивалот, многу од овие луѓе се одлучиле да останат и да живеат во Нимбин, поставувајќи основа за алтернативна животна заедница. И секако, заедно со овој идентитет, рамо до рамо дошла и употребата на наркотци, која денес е одговорна за славата на Нинбин.

Можеби се прашувате како Нинбин опстанува над законот во земјата која уште не ја легализирала употребата на марихуана. Одговорот е едноставен – не опстанува.

Австралиските власти во главно ја вртеле главата за илегалните бизниси во овој град. Меѓутоа, последните неколку години, австралиската полиција почнала да се бори против продажбата на дрога во овој град. Нимбин е на самиот врв кога се работи за едукација за канабис, еколошки иницијативи како и уметнички акции, па со таа цел заедницата организира настани како што е MardiGras фестивалот.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!