Ова е најопасната црква на светот: Ни на небо ни на земја, а до неа се доаѓа само со боси нозе

Најсеверниот етиопски регион Тиграј е познат по необичните монолитни цркви кои се наоѓаат меѓу карпи, а најспектакуларна меѓу нив е Абуна Јемата Гух, која се издигнува на висина од 2.580 метри.

До неа се доаѓа само на еден начин – со качување на суровите карпи. Без заштитни огради или било каква друга помош.

Верниците се качуваат само за да се помолат и да присуствуваат на литурија. Качувањето трае два часа.

Тој пат веќе 47 години секојдневно го минува главниот свештеник, Гебре Руфаел Асресеха. Иако ова е најопасната црква поради својата единствена локација, ниеден свештеник не паднал или се повредил додека се качувал по карпите.

Инаку, црквата го добила името според еден од девет етиопски светци, Абуни Јемату, кој ја основал во петтиот век.

И додека едни тврдат дека оваа локација ја избрал за црквата да биде поблиску до небото, други веруваат дека сакал да ја сокрие од можни непријатели.

Посебно внимание привлекуваат фреските на ѕидовите. Сите се оригинални, а совршено се сочувани благодарение на топлото време без влага.

Leave a comment

error: Content is protected !!