Докажано: Ова е најлошиот совет кој може да ви го дадат пријателите

Пријателите можат да бидат голема поддршка.

Можат да ни помогнат кога ни е тешко, да не мотивираат кога ни треба сила, но можат и сосема да не упропастат.

Научниците открија кој е најлошиот совет кој може да го добиете од пријателите. Лошата вест е што тоа е всушност најчестиот совет кој го добиваме од пријателите. Се мисли на тоа дека би требало да ги следите своите соништа и да ја откриете страста.

Психолозите од Стенфорд открија неколку сериозни проблеми со советот да ја откриете вашата пасија/ страст и потоа цела енергија да ја посветите на тоа. Првиот проблем е што таквиот став имплицира дека можете да сакате и да бидете успешни во само една работа. Ако имаш соништа и страст, тогаш тоа е само една работа, зарем не?

Доколку се фокусирате само на една работа, себеси се ограничувате од другите интересирања и страсти. Вториот проблем е што пронаоѓањето на страста и следењето на соништата звучи многу едноставно. Само треба да ги пронајдете таму некаде и потоа убаво да ги следите и ќе успеете сигурно.

Лесно зар не? Не!

Прашајте било кој, што успеал и ќе ви каже дека да ги следите вашите соништа воопшто не е лесно, баш како ни пронаоѓањето на страст. Веројатно и многу пати биле очајни и соочени со порази. Исто така, соништата кои ги имаме звучат како забавни и лесни и затоа многу кои се одлучиле да ги следат своите сонови ќе се откажат веќе на првата препрека, затоа што не очекувале дека ќе се соочат со проблеми, бидејќи само го следеле својот сон и не направиле ништо погрешно.

„Тоа е како да им кажете на луѓето да ги стават сите јајца во една корпа, а потоа да ја фрлат штом ќе им стане тешка“- велат научниците.

Сигурно после ова се прашувате што е вистинскиот совет?

Би требало систематски да ги развивате вашите страсти. Тоа значи дека со време треба да се менувате, учите, прилагодувате и полека да одите до целта. Само така имате шанса нешто да постигнете.

Leave a comment

error: Content is protected !!