Ова е човекот кој ја шокирал Америка со киднапирањето на авионот: Летал час и половина пред да се урне на мал остров

29-годишниот Ричард Расел работник на една авио-комапнија, кој во петокот навечер седнал во кокпитот на Бомбардерот “Q400” на пистата на аеродромот во Сиетл-Такома, го земал леталот, па потоа се урнал на островот Кетрон, веќе со денови е ударна вест во американските медиуми.

Откако неовластено влегол во авионот на компанијата “Horison”, летал час и половина додека не се урнал и загинал.

Расел три години работел на одржување на авиони и пренесување на багаж.

Овој инцидент предизвикал паника поради страв од тероризам. Аеродромот веднаш бил затворен, а по него тргнале два воени авиони “F-15” кои го следеле додека не се урнал. Летот траел 90 минути додека не се урнал на слабо населениот остров Кетрон.

“Засега веруваме дека бил сам во авионот, но, секако, тоа не го потврдивме на местото на несреќата”, рекол Џеј Таб од ФБИ.

Транскриптот од разговорот со контролата на летот открива дека станува збор за човек кој и самиот бил изненаден од својот подвиг, немал намера да повреди никого, дури и се извинувал на жената што ја сака, велејќи дека е “само скршено момче”.

Расел, чиј прекар бил Бибо, немал формална дозвола за пилотирање. Како работник на аеродромот ги имал сите безбедносни дозволи и така дошол до авионот.

Во својата изјава семејството нагласило дека нивното срце е скршено.

Живеел во Самнер во државата Вашингтон, а роден е во Ки Вест во Флорида па се преселил на Алјаска кога имал 7 години. Сопругата ја запознал во 2010. година во Орегон каде заедно воделе пекара три години.

Поранешниот колега од работа го опишал како “повлечен човек”.

“Другите работници го сакаа. Жал ми е за Ричард и неговото семејство. Се надевам дека ќе го преболат ова што им се случи”, рекол Рик Кристенсон.

Пораките на Расел варирале од предлози за слетување до извинување за тоа што го направил.

Кога контролорите на лето му сугерирале дека му е потребна помош за летање со авионот, тој рекол “не, не треба, сум играл видео игри”.

Контролорот му рекол да се врати, на што Расел му одговорил: “Тоа сигурно е доживотен затвор?”.

Со контролорите зборувал на многу бизарни теми, а кога го замолиле да слета, рекол: “Не знам, не сакам. Некако се надевав дека тоа ќе биде тоа, знаеш”.

Го кажал и следното: “Има многу луѓе кои ме сакаат. Ќе се разочараат кога ќе слушнат дека сум го направил ова. Би сакал на сите да им се извинам”.

Leave a comment

error: Content is protected !!