Ова дете заработува 22 милиони долари годишно: Го прави тоа што децата најмногу го сакаат, а парите само “капат”

Седумгодишното дете кое оценува детски играчки на ЈуТјуб, во 2018-та година заработило 22 милиони долари, најмногу од сите “јутубери”.

Списанието “Forbes” објавило дека малиот Рајан од каналот “Ryan Toys Review” го надминал Џејк Пол за 500.000 долари.

Видео снимки објавува речиси секој ден.

Неговата популарност почнала да расте кога во јули 2015-та година објавил видео со рецензија на играчка од јајце на “Pixar”. Станувало збор за повеќе од 100 играчки од цртаниот филм “Cars”, а ова видео досега е прегледано повеќе од 800 милиони пати.

На трето место е каналот “The Dude Perfect” со заработка од речиси 20 милиони евра, пренесува “Forbes”.

Заработката на Рајан, која не вклучува даноци или надомести кои ги наплаќаат властите или адвокатите, се дуплирала во однос на минатата година.

Кога новинарот на NBC го прашал зошто децата ги знаат неговите видеа, Рајан одговорил: “Бидејќи сум смешен и забавен”.

Откако каналот во март 2015-та го отвориле неговите родители, видео снимките на Рајан се прегледани речиси 26 милиони пати, а го следат 17,3 милиони луѓе.

Во “Forbes” велат дека само еден од речиси 22 милиони евра доаѓаат од огласите кои се прикажуваат пред видеото, додека останатите се заработени од спонзорирани постови.

Leave a comment

error: Content is protected !!