Отворен патот на Македонија кон членството: Сите членки на НАТО го потпишаа протоколот за пристапување

Сите членки на НАТО денес во седиштето на Алијансата во Брисел го потпишале Протоколот кој ја отвора вратата за членство на Македонија во Алијансата, јавува “AP”. Така Македонија ќе стане 30-тата членка на НАТО.

На церемонијата присуствувале шефот на НАТО, Јенс Столтенберг и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Пристапниот протокол мора да ги ратификуваат сите членки, а како што наведува “AP”, Грција, која донеодамна ги блокирала напорите на Македонија да влезе во Алијансата, оваа недела требало да биде првата која ќе го ратификува Протоколот.

После тоа Македонија ќе почне да го користи своето ново име, а членството во Алијансата би можело да уследи кон крајот на оваа или почетокот на следната година, наведува американската агенција.

Скопје и Атина претходно го решиле долгогодишниот спор со Преспанскиот договор, според кој новото име на Македонија ќе биде Република Северна Македонија.

Договорот, во меѓувреме, го ратификувале парламентите на двете земји.

Leave a comment

error: Content is protected !!