Отворен најдолгиот мост што ќе минува преку море: Погледнете како излега кинеското градежно чудо

Мостот долг 55 километри кој ги спојува Хонгконг и Макао со континентална Кина, конечно ќе биде отворен за јавноста.

Дваесет милијарди долари вредниот мост чија изградба беше започната пред девет години, конечно ќе биде отворен оваа недела и со тоа ќе стане најдолгиот мост преку море на светот.

На свеченоста по повод отворањето на мостот во Жухаи ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со највисоките функционери на Хонгконг и Макао, а во среда официјално ќе биде отворен и за сообраќај.

Мостот требало да започне со работа уште во 2016 година, но поради непланирани работи, неговата изградба била одложена.Мостот ќе покрива 56.500 квадрати на југот од земјата и 11 градови во кои вкупно живеат 68 милиони луѓе. Сега, од Хонгконг до Макао ќе се патува за само половина час наместо некогашните три и пол часа.

Интересно е дека има и такви кои ја критикувале изградбата на мостот затоа што сметаат дека тоа ќе го поттикне туризмот во Хонгконг кој секако има проблем да се избори со посетителите, а годишно го посетуваат и до 57 милиони туристи.

Leave a comment

error: Content is protected !!