Отворен црниот саркогфаг во Александрија- Дали е гробот на Александар Македонски?

Се сеќавате на приказната за мистериозниот црн саркофаг од гранит кој неодамна беше пронајден во Александрија?

Епа, конечно го отворија и археолозите останаа разочарани.

Изгледа дека сепак не е во прашање гробот на Александар Македонски како што мислеа, и засега се чини дека нема ништо од проклетстовото на кое некои предупредуваа.

Египетските научници ја исклучија секоја можна надеж дека во неодамна откриениот саркофаг се наоѓаат остатоците на Александар Велики, заклучувајќи дека се работи за мумии на тројца членови на „обично“ семејство.

Саркофагот е тежок 30 тони и е најголемиот кој е некогаш откриен, што ги разбранува локалните и светски медиуми, дека би можело да се работи за последното почивалиште на древниот владетел кој во 331 година п.н.е го основал градот кој до ден денеска го носи неговото име.

Сепак, во саркофагот се пронајдени коски на тројца луѓе и кал. Некои се плашеа дека со отворање на саркофагот ќе се оствари 1000 години старото пророштво.

„Го отворивме и фала Богу, темнината не завладеа со светот“- велат археолозите.

Leave a comment

error: Content is protected !!