Отказ за “тепачот” на Макрон: Поради оваа снимка цела Франција се кренала на нозе

Францускиот претседател Емануел Макрон, откако се појавиле “нови факти”, одлучил да го отпушти шефот на обезбедувањето кој бил снимен како на протестите во мај тепа демонстрант.

Полицијата ги испрашала и демонстрантот и насилникот, било кажано во обвинителството.

Макрон се нашол на удар на критики кога весникот “Mond” открил дека претседателскиот кабинет пред три месеци на кратко го суспсендирал телохранителот кој во полициска опрема претепал демонстрант, но за тоа не ги известил надлежните тела.

“Претседателот е информиран за новите факти кои би можеле да потврдат дека Александар Бенала направил прекршок”, рекол еден службеник.

“Поради тоа претседателот одлучи да го отпушти Бенала”, додал службеникот.

Потсетуваме, на снимката се гледа како на протестите на 1. мај едно лице со полициска кацига влече жена и потоа тепа демонстант. Тој подоцна бил препознаен како член на претседателското обезбедување.

Опозицијата го критикувала Макрон бидејќи не го отпуштил веднаш Бенала.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!