Авионот во кој се наоѓало најскапото засилување на Кардиф во историјата на клубот, Емилиано Сала, се урнал на летот меѓу Франција и Англија.
Сала станал најскапото засилување на Кардиф во историјата на клубот, откако преминал од Нант за 17 милиони евра.
Фудбалерот сакал да се поздрави со соиграчите, па отишол во Нант. Се стравува дека приватниот авион во кој бил се урнал. Потрагата по фудбалерот е во тек.
Аргентинецот бил најдобар играч на Нант. Постигнал 13 гола од стартот на сезоната и го привлекол вниманието на големите клубови.