Осум години затвор за поранешниот градоначаник на Солун

За незаконско присвојување на општински фондови, денеска на осум години затвор е осуден поранешниот градоначалник на Солун, Василис Папајоргопулос.

Ова е втора пресуда за Папајоргопулос, кој беше градоначалник на Солун од 1999 до 2010 година.

Тој веќе претходно доби 12 години затвор за проневера откако повеќе од 17 милиони евра исчезнаа од касата на градот, а по две години и пет месеци затвор,  беше ослободен во 2015 поради влошена здравствена состојба.

Папајоргопулос ќе остане на слобода додека се разгледува неговата  жалба.

Leave a comment

error: Content is protected !!