Што е уште подобро од летување на тропски остров? Голем број на преслатки кученца кои се играат со вас на плажа, ете тоа.
Ваквото сценарио не е само сон, навистина постои.
Прифатилиштето за кучиња “Potcake Place”, кое се наоѓа на карипскиот остров “Providenciales”, е хуманитарна организација која моментално вдомува околу 500 кучиња скитници кои тука живеат од донации од туристите.
Првенствено за кучињата е важно да се навикнат на луѓе пред да најдат свој дом, па така играњето со нив навистина е хуманитарна работа.
Така можете и да шетате куче по плажата, за тоа да се навикне на каишот.
Инаку, целиот проект кој островот го спроведува станал хит на Инстаграм и меѓу љубителите на кучиња.
“Некогаш луѓето чекаат и по два и пол часа за да го земат своето куче да го прошетаат. Луѓето ги предупредуваме дека кучето мора секогаш да биде на сенка за да не му е топло”, наведуваат од прифатилиштето.
Сепак, сакаат нешто а сфатите.
“Сакаме луѓето да разберат дека ова не е излет и дека се што правиме го правиме во корист на овие кучиња”, заклучуваат од организацијата.