Оригинално и креативно: Со нож расекле душеци и пронашле мигранти: Луѓето лежеле во душеци замотани со најлон

Шверцот на мигранти од Африка во Европа бара се поопасни начини за криење на луѓе, а најнов пример за тоа се двајцата мажи пронајдени во душеци за спиење од страна на шпанската полиција.

Видеото кое настанало на границата со Мароко, прикажува полицајци кои од кров на автомобил спуштаат душеци и со нож го сечат нивното платно.

Душеците биле прицврстени за кровот на автомобилот, а во нивната внатрешност лежеле мигранти.

Не е познато колку долго луѓето биле во внатрешноста на душеците, ниту како дишеле низ платното и најлонот.

Возачот на автомобилот, како што пренесува “Sky News”, побегнал во Мароко, но шпанските власти сепак го уапсиле.

Мароко станал главен влез во Европа за африканските мигранти.

Leave a comment

error: Content is protected !!