Connect with us

Repriza.mk

Охрид меѓу најпосакуваните дестинации на светската мапа преку објективот на фотографот Стојан Стојановски

Uncategorized

Охрид меѓу најпосакуваните дестинации на светската мапа преку објективот на фотографот Стојан Стојановски

Фотографот Стојан Стојановски со години е најголем промотер на Охрид, преку прекрасните фотографии и видеа кои ги преземаат најголемите светски медиуми.

Неговата фан страна на Фејсбук ја следат потенцијални туристи од целиот свет, кои коментираат дека токму поради Стојан се решиле да дојдат и да ја посетат Македонија.

Секоја фотографија и видео ги изработува со трпение, понекогаш чека и по 12 часа за да ја направи перфектната фотографија, онака како што ја замислил во глава, а трудот дефинитивно се исплати.

Неговите фотографии и снимки од Охрид навистина се примамливи за секој оној што не бил во Охрид, но и за сите кои ги знаат убавините на овој град. Вистинска уметност раскажана преку објективот на фотоапаратот.

Голема инспирација на Стојан е планината Галичица, како и Охридското езеро, а особено се интересни фотографиите од вечерните часови. Тој е еден од првите во Македонија, кои почнаа со изработка и на 360 степени видеа, а со фотографија се занимава повеќе од 10 години.

Погледнете дел од фотографиите на нашиот фото амбасадор во светот:

Leave a comment

More in Uncategorized

To Top
error: Content is protected !!